Македонско-грчка граница, ГП „Евозни“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Нормализиран сообраќајот кај Евзони по падот на компјутерскиот систем

Од македонското министерство за внатрешни работи инфоритаат дека состојбата со протокот на патници на Граничниот премин „Евзони“ се одвива без проблеми и со вообичаена динамика за овој период од годината.

Истото се однесува и за Граничниот премин „Богородица“ на грчка страна, посочуваат од полицијата, по објавите кои осамнаа изутринава на социјалните мрежи дека имало пад на системот кој што предизвикал поголем застој за влез во Грција.

Од МВР велат дека од колегите од грчка страна добиле информација за краткотраен прекин на системот на граничниот премин, кој што утринава бил надминат.

„Бевме известени од грчките колеги дека околу 8 часот утринава во период од петнаесетина минути бил во прекин системот на Граничниот премин „Евзони“, по што проблемот бил надминат и протокот на патници до овој момент се одвива со вообичаената динамика“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот