Љупчо Николовски/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Николовски: Политиките на СДСМ го зајакнаа лозарството и винарството

СДСМ преку своите политики успеа значително да го зајакне лозарството и винарството, стратегиски гранки на македонската економија, рече поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во своето обраќање по повод Свети Трифун – Денот на лозарите.

„Воведовме клучни промени, како што е новиот Закон за вино, кој ја гарантира откупната цена на грозјето и го заштитува трудот на лозарите. Резултатите се видливи – извозот на македонското вино достигна рекордни 60 милиони евра и се извезува во над 40 земји“, рече тој.

Според него, растот на бројот на семејни винарии, поттикнат со грантови од по 10 илјади евра, го модернизираше секторот. СДСМ воведе и зелена нафта за лозарите, програма за авансна исплата на субвенциите, како и поддршка за настап на македонските вина на глобалните пазари.

„Нашето македонско вино е денеска препознаено насекаде во светот, благодарение на посветеноста и поддршката што ја добија лозарите и винариите од нас,“ вели Николовски.

Тој го критикуваше недостатокот на нови мерки од актуелната власт, истакнувајќи дека СДСМ останува посветена на земјоделците, лозарите и промоцијата на македонското вино на светските пазари.

„Со овие иницијативи, СДСМ покажа дека лозарството и винарството може да бидат двигатели на економскиот раст и препознатлив бренд на Македонија во светот“, рече Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот