Љупчо Николовски Фото: СДСМ

Николовски: Од лидери во искористеност на ИПАРД, ВМРО -ДПМНЕ ја доведе во прашање акредитацијата за европските фондови

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во врска со програмите ИПАРД.

„Како од лидери во искористеност на ИПАРД, ВМРО ДПМНЕ ја доведе во прашање акредитацијата за европските фондови?“, праша Николовски, наведувајќи дека деновиве ова прашање ќе биде актуелно бидејќи има мониторинг мисија на ИПАРД.

„ИПАРД 1 беше тотално неуспешна. На 12-ти декември директорот на Платежната агенција објавува соопштение во коешто вели дека сме прогласени за лидери во регионот во имплементација на ИПАРД 2. Им благодарам на тие признанија и честитки, заради тоа што целиот тој период бев министер. 51 милион евра европски пари се исплатени според овој директор на Платежната агенција во овој период за ИПАРД 2. Но, имаме една катастрофа во ИПАРД 3, за жал“, рече Николовски.

„Имавме договори потпишано повеќе од сите земји во регионот заедно. Тоа го направија професионалците во финансии, во СЕП. Прашајте ги вашите луѓе во министерството за финансии дека тоа е најуспешната компонента од сите компоненти во државата“, рече Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот