Никарагва забрани уште 1.500 невладини организации

Владата на Никарагва прогласи за нелегални 1.500 невладини организации, што е уште една акција против граѓанските организации кои претседателот Даниел Ортега ги смета за непријателски.

Забраната, објавена во државниот весник на Никарагва, вклучува запленување на имотот на овие организации, од кои повеќето се религиозни.

– Не ги исполнија своите обврски, се вели во решението на Министерството за внатрешни работи објавено во државниот весник. Се тврди дека овие организации не успеале да објават повеќе финансиски податоци, вклучително и донации.

Репресијата на Ортега врз граѓанското општество, како и врз Католичката црква, се интензивираа по антивладините протести што почнаа во 2018 година. Властите забранија повеќе од 5.000 здруженија на граѓанското општество, приватни универзитети и медиуми.

Во тоа време, владата исто така ги забрани опозициските политички партии, а опозициските активисти ги затвора или протерува во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот