
Нигер ги прекина дипломатските односи со Украина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина поради агресијата на Киев врз Мали, објави претставникот на преодната воена влада на Нигер, Амаду Абдраман.
Препорачано
Оваа одлука уследи откако западните медиуми објавија дека Мали ги прекина дипломатските односи со Украина. Како што е соопштено, причината е тоа што Киев ги поддржува терористите во Мали.
-Со оглед на сериозноста на ситуацијата и признатата и наводна вмешаност на Украина со случувањата во Мали, Владата на Република Нигер, која е во целосна солидарност со Владата и народот на Мали, ги усвојува следните мерки: прво, итно прекинување на дипломатските односи меѓу Нигер и Украина, второ, обраќање до Советот за безбедност на ОН со барање да се донесе одлука во врска со украинската агресија и нејзините спонзори – рече Абдраман.
Нигер исто така има намера да се обрати до Советот за безбедност на ОН „во врска со украинската агресија“.
Абдраман апелираше до меѓународната заедница „да се спротивстави на одлуката на Украина да го брани тероризмот во глобален контекст, каде што се игнорира потребата за борба против ова зло“.
Потсетуваме, Владата на Мали одлучи да ги прекине дипломатските односи со Украина поради поддршката на Киев за терористите во таа африканска земја. Повод беше изјавата на претставникот на главната разузнавачка управа на Украина, Андреј Јусов, за вмешаноста на Киев во нападот на вооружените терористички групи врз војниците на одбранбените и безбедносните сили на Мали, кој беше извршен минатиот месец во североисточниот регион Тинзауатен во близина на границата со Алжир.