Ни Фетаи од владејачката Вреди не ја одблокира Комисијата за социјална политика

Вреди нема да дозволи да се стави Законот за бранителите на дневен ред без припадниците на УЧК. Нема потреба од дебата. Се надевам дека Илире Даути ќе се врати во Комисијата за претседателка – рече Фетаи.

Комисијата за социјална политика останува блокирана, иако претседателот на Собранието, Африм Гаши за претседавач ја назначи пратеничката од владејачката Вреди Имрлије Сали Фетаи, откако парламентот ѝ изгласа недоверба на сега експретседателката на тоа работно тело, Илире Даути. Ни на Фетаи не ѝ успеа дневниот ред на седницата да го стави на гласање бидејќи пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска побара дополнување на дневниот ред со Законот за бранителите. По ова, Фетаи ја затвори седницата на неопределено време. Според ова, Комисијата за социјална политика и натаму останува блокирана.

Фетаи ѝ одговори на Тренчевска дека претседателот Гаши ја назначил да претседава со Комисијата само за Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

-Кажав дека има само една точка на дневен ред и ве молам да гласаме. За Законот за бранителите поминати се сите рокови и јас треба да го разгледам само Законот за пензиско и инвалидско осигуривање. Вие од СДСМ не правете тенденции. На седницата за интерпелација ја напуштивте салата за да не бидете обвинети за влошување на меѓуетничките односи. Јас ќе ја заклучам седницата на неопределено време. Мислам дека дебата не е потребна. Вреди нема да дозволи да се стави Законот за бранителите на дневен ред без припадниците на УЧК. Нема потреба од дебата. Се надевам дека Илире Даути ќе се врати во Комисијата за претседателка – рече Фетаи.

Гаши за да ја одблокира Комисијата за социјална политика прво го назначи пратеникот од Европскиот фронт, Бејџан Илјас, да претседава со работното тело, но тој одби. Европскиот фронт веќе се изјасни дека нема да предложат нов претседател на Комисијата по интерпелацијата и оставката на Даути од претседателка на работното тело.

Опозицијата не реагира дека Гаши за претседавач на Комисијата определи пратеничка од власта иако според меѓупартискиот договор со тоа работно тело претседава пратеник од опозициските партии, поточно од Европскиот фронт.

Останува неизвесно дали во актуелниот собраниски состав Комисијата за социјална политика ќе биде одблокирана зашто СДСМ инсистира законот за бранителите да го помине комисискиот филтер откако потребата за измени на законот поминаа на пленарна седница.

Иљас одби да претседава со Комисијата за социјална политика, на Гаши му пропадна првиот обид за деблокада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот