Фото: AC Milan

Неста: Модриќ може да игра до 70 години

Легендарниот дефанзивец на Милан и италијанската репрезентација, Алесандро Неста, не го криеше своето воодушевување од играта на Лука Модриќ, кој сезонава блеска во дресот на „росонерите“. Неста го спореди Хрватот со Андреа Пирло и истакна дека Модриќ е клучна фигура во средниот ред на тимот.

„Да се гледа на теренот е уживање, ме воодушеви. Уште од времето на Пирло, Милан немал таков фудбалер во средината. Со него сигурно се посилни. Екипата го изгуби Тео, но на другите позиции е конкурентна, а со уште две-три засилувања ќе биде навистина интересно да се гледаат. За Лука морам да додадам и дека не мислев дека толку многу трча. Против Наполи цело време излегуваше и се враќаше, ги затвораше линиите на додавањата и повторно се враќаше во позиција. Има интелигенција која е реткост, него фудбалот му е во главата, тоа е она што го разликува. Додека ја држи топката може да биде теренот, може да игра до 70години“, порача Неста.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот