
Нешто чудно се случува: Се појави нов остров во Алјаска
„Ново“ островче се појави во средината на езеро во југоисточна Алјаска откако парчето копно изгуби контакт со глечер што се топи, покажуваат сателитски снимки на НАСА, објави Лајв сајнс.
Препорачано
Земјената маса, наречена Пров Ноб (Prow Knob), е мало планинско возвишение кое претходно било целосно опкружено со глечерот Алсек во Националниот парк Глејшер беј (Glacier Bay). Сепак, глечерот Алсек со децении се повлекува, постепено одвојувајќи се од Пров Ноб и оставајќи зад себе сè поголемо слатководно езеро.
Нова сателитска снимка во август открива дека глечерот сега целосно ја изгубил врската со Пров Ноб што претставува јасен визуелен пример за тоа како глечерите се тенчат и се повлекуваат во југоисточна Алјаска.
„Долж крајбрежната рамнина на југоисточна Алјаска, водата брзо го заменува мразот. Глечерите во оваа област се тенчат и се повлекуваат, при што топењето создава проглацијални езера пред нивните фронтови. Во едно од овие растечки водени пространства се појави нов остров“, вели научниот писател Линдси Доерман.
Глечерот Алсек некогаш се делел на два канала за да помине околу Пров Ноб, кој има површина од околу 5 квадратни километри. На почетокот на 20 век глечерот се протегал преку денешното Алсек Езеро и достигнувал до Гејтвеј Ноб, околу 5 километри западно од Пров Ноб.
Починатиот глечеролог Остин Пост, кој направил воздушни фотографии на Алсек во 1960 година, го именувал Пров Ноб поради неговата сличност со прамец (остриот преден дел) на брод. Пост и неговиот колега, глечерологот Маури Пелто, професор по еколошки науки на колеџот Николс во Масачусетс, претходно предвиделе дека глечерот Алсек ќе го „ослободи“ Пров Ноб околу 2020 година, врз основа на брзината на повлекување меѓу 1960 и 1990 година.
Со тоа, глечерот се задржал околу возвишението нешто подолго од првично предвиденото.
NASA’s Earth Observatory has announced that Alaska has a “brand new island” after a retreating glacier lost contact with the Prow Knob mountain landmass in Alsek Lake. https://t.co/U8Wcx1wOq5
— Live Science (@LiveScience) September 11, 2025