Нема напредок за темата Охридска архиепископија на заедничката историска комисија на Бугарија и Македонија

Последниот состанок на заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија заврши без напредок на темата Охридска архиепископија, соопшти бугарскиот состав на комисијата- пишува БТА.
Немало напредок на деликатната тема Охридска архиепископија во учебниците за VII одделение во Северна Македонија, за која повеќе од две години расправа мешовитата мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Состанокот на комисијата што се одржува вчера и денеска во Скопје.

На првиот состанок во 2025 година вниманието беше насочено кон техничката документација, а беа договорени и потпишани записниците од двете средби одржани во 2023 година, изјавија за БТА од бугарскиот состав на историската комисија.

Бугарската страна предложи за дискусија неколку историски личности со јубилеи во 2025 година, но на инсистирање на претставниците во комисијата од Република Северна Македонија, темата беше одложена за следниот состанок, кој ќе се одржи во април во Софија.

Во септември минатата година, со одлука на Владата во Скопје, беше сменет составот на комисијата од Република Северна Македонија.

Комисијата за историски и просветни прашања е формирана како резултат на потпишувањето на Договор за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Досега, во 2019 година, мешовитата историска комисија усвои препораки за заедничко чествување на петте историски личности – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самуил и препораки за измени во учебниците по историја за шесто одделение во Северна Македонија и петто одделение во Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот