Васко Ковачевски / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Нема мерки за претпазливост за Васко Ковачевски, Кривичниот суд го одби предлогот на Обвинителството

Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против поранешниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски, а во врска со истрагата за предметот на Обвинителството во јавноста познат како „Адитив“, денеска, веднаш по добивање на известување од МВР за неговата достапност, донесе решение со кое го отфрли предлогот за определување мерки за претпазливост, со оглед дека Ковачевски не е достапен за органите на прогонот, соопшти Кривичниот суд.

Како што извести судот на 11 декември годинава, судија на претходна постапка може да постапува и да донесе решение за прифаќање на предлог на јавен обвинител, без да биде сослушан осомничениот, само доколку за него е предложена мерка притвор, но не и кога против него се предложени мерки за претпазливост, како во конкретниот случај со Ковачевски. Тој воопшто не е уапсен и спроведен во судот да се произнесе за предлогот, како што налагаат одредбите од Законот за кривична постапка, велат од Судот.

Решението на Кривичниот суд ќе биде доставено до странките во постапката, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот