Илустрација: Администрација / Фото: Архива на „Слободен печат“

Нема доволно ИТ-кадар за да се спроведе процедурата за нови вработувања во јавниот сектор

Сите нови вработувања во јавната администрација треба да поминат преку Агенцијата за администрација. Но, Државниот завод за ревизија утврдил дека, за да ги реализира своите надлежности за вработувањата, Агенцијата нема доволно ИТ-кадар.

„Имајќи ја предвид значајноста на информацискиот систем за пријавување, полагање и вработување во Агенцијата за администрација за реализација на надлежностите при вработувањето во јавната администрација констатиравме дека отсуствува оптимален број на човечки ресурси за извршување на работните задачи во одделението за ИТ и поддршка, назначување на раководно лице во едно одделение, како и утврдени чувствителни работни позиции. Планот за континуитет на активностите не е донесен и постои отсуство на процедури за спроведување на промени во Базата на прашања и контрола на „четири очи“ односно контрола од две независни лица, како и примена на најдобрите практики за ИТ безбедност ИСО 27002“, пишува во ревизорскиот извештај.

Ревизорите велат дека има слабости во сегментацијата на компјутерската мрежа и во неспроведувањето на периодични проверки на системот за полагање и дека тоа влијание врз транспарентно и ефикасно спроведување на постапките за полагање на испитот, доверливост, достапност и интегритет на податоците, како и во делот на администрација на системот.

Ревизорскиот извештај е на тема „Информацискиот систем за пријавување, полагање и вработување во Агенцијата за администрација за реализација на надлежностите при вработувањето во јавната администрација“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот