Полициски хајки по илегални мигранти во САД/Фото: Jacek Boczarski / Anadolu/ AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Нелегалните преминувања на границата меѓу САД и Мексико на најниско ниво

Нелегалните преминувања по границата меѓу САД и Мексико оваа година паднаа на најниско годишно ниво од почетокот на 1970-тите, покажуваат внатрешните статистики од Министерството за внатрешна безбедност.

Агентите на граничната патрола регистрирале речиси 238.000 апсења на мигранти кои нелегално влегле во земјата, што е речиси десет пати помалку отколку во рекордната 2022 година, објави Си-би-ес.

Според податоците, повеќе од 60 проценти од апсењата се регистрирани во текот на последните три месеци од администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден, додека во септември агентите регистрирале околу 8.400 апсења, што е рекордно ниско ниво на месечно ниво.

Портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон, изјави дека сегашниот американски претседател Доналд Трамп „во голема мера го исполнил своето ветување да ја обезбеди јужната граница“, додавајќи дека Американците сега се побезбедни затоа што неконтролираните нелегални имигранти и опасните дроги повеќе не ја преминуваат границата неконтролирано.

Аналитичарите велат дека мерките на администрацијата на Трамп, вклучувајќи ја милитаризацијата на границата, суспендирањето на програмите од ерата на Бајден и масовните депортации, имале „значајно влијание“ врз намалувањето на нелегалните преминувања, објавува Танјуг.

Сепак, политиката предизвика критики од активистите за човекови права и демократите, кои ја нарекуваат „нехумана“ и веруваат дека е спротивна на американскиот и меѓународниот закон за азил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот