Фото: Принтскин

Неколку средби на министерот Муцунски на Дипломатскиот форум во Анталија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Анталија Дипломатскиот форум се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, со високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, со заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Молдавија, Михаил Попшоју, со министерката за надворешни работи на Грузија, Мака Бочоришвили, како и со европратеникот во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, пренесува МИА.

На средбата со високиот претставник Шмит, информираат од МНРНТ, фокусот беше ставен на политичката состојба во регионот, европската перспектива на Западен Балкан и значењето на постојана ангажираност за стабилност, мир и помирување. За средбата со генералниот секретар на ОБСЕ, Синирлиоглу, од министерството велат дека била исклучително конструктивна – насочена кон размена на ставови за безбедносните предизвици и идентификување на потенцијалот за унапредување на регионалната стабилност и соработка.

На средбите со министрите за надворешни работи на Молдавија и Грузија била потврдена одличната билатерална и мултилатерална соработка, со заедничка заложба за зајакнување на економските врски и зајакнување на поддршката во рамки на европските интегративни процеси.

На средбата со европратеникот Илхан Кјучук, министерот Муцунски ја истакнал важноста од отворањето и водењето на пристапни преговори како најдобар механизам за обезбедување на неповратноста на реформските процеси и демократскиот развој.

Притоа, министерот нагласил дека е неопходно деескалирање на билатералните блокади и враќање на процесот на европска интеграција во неговата суштинска рамка – оценка според заслуги и исполнети критериуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот