Фото: Pexels

,,Недела на виното” од утре во Неготино

„Недела на виното” почнува од утре во општина Неготино, во чест на верскиот празник „Свети Трифун”, што се смета за заштитник на градот и лозарите и винарите. Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа објави неколкудневна агенда.

– Традиционално, оваа манифестација ја стартуваме со утрешната дегустација и оценување најдобри вина и ракии од индивидуални производители, во рамките на натпреварот за најквалитетни производи од грозје. Дегустацијата и изборот на најквалитетните вина и ракии ќе ги врши стручна комисија, составена од докажани кадри од Здружението на енолози, а општината Неготино за најдобрите обезбеди пригодни награди – соопшти прес-службата при локалната самоуправа.

Централниот настан е во среда на 14 февруари на „Свети Трифун”, а в сабота на 17 февруари во Долни Дисан ќе се одржи „трка за вино и љубов“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот