Imbd

Неда Арнериќ: Македонската Делфина која ја покори Југославија (ФОТО+ВИДЕО)

Немам деца, но не затоа што не сакав, едноставно не ми се посреќи, отворено зборуваше глумицата.

Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст, а последна желба и била да ја посети Индија и да го почувствува строгиот аскетски живот, но и да оди на Алпите.

„Кога ќе настапат паузите се притајувам и правам некои други работи. Аскетизмот подразбира пост, молитва, носење стара облека, само еден оброк во текот на денот. Мечтаам за пензија на Алпите, можеби и ќе напишам книга за мојот живот. Сакам да правам многу работи“, зборувала познатата глумица.

Ја нарекуваа југословенската Ширли Темпл, а со својата убавина и талентираност, го сврте вниманието кон себе во филмот „Вишна од Ташмајдан“.

Со неполни 13 години се појави на страниците на југословенските магазини како главна ѕвезда на филмот „Сан“ и стана првата детска филмска ѕвезда во поранешна Југославија.

Imbd

Публиката ја памети по култните остварувања како што се „Ко то тамо пева“, „Варљиво лето, 68“, „Тајванска канаста“, „Време чуда“, а ние најмногу по улогата во филмот „Исправи се, Делфина“.

За своите разголени улоги во едено интервју рекла:

„Не знаев ништо за тоа и играв нешто што уште немав доживеано. Многу рано научив дека снимањето филм е работа која во договор со режисерот треба сериозно да се сфати. Во сценариото, на пример, пишуваше: Тие се будат наутро и по водењето љубов почнува приказната. А јас во тоа време не знаев како се води љубов. Тоа беше дел од мојот занает, а јас се сметам за добар занаетлија“, објаснила Арнериќ.

Нејзиниот живот покрај глумата го обележија и бројни љубови. Секако, најголема од нив е докторот Милорад Мештеровиќ, со кого беше во брак 35 години. Мештеровиќ почина минатата година по долгата и тешка борба со карциномот, а глумицата тоа многу тешко го поднесе.

„Тој ми е мене сè, син, брат, татко, љубовник и пријател. Толку сум среќна што истуркавме заедно. Имаше разни чудесии, не бевме светци, но најголем пријател ми е“, искрено во една прилика истакнала глумиоата.

Imbd

Пред него била во брак со режисерот Дејан Караклајиќ и со глумецот Раде Марковиќ. Поради големата разлика во годините тој брак го сметале за југословенска верзија на односот на Миа Фароу и Френк Синатра и предизвикал скандал.

„Раде Марковиќ е многу значаен за мене. Со него проживеав три прекрасни години. Сега се чудам колку беше постар од мене, но меѓу нас сè феноменално функционираше. Не сфаќав зошто сите се згрозуваа и се фаќаа за глава поради нас двајца, на чело со мајка ми. Можете да замислите…“, зборуваше Неда.

Imbd

„Дури 32 години, огромна разлика, која јас не ја чувствував. Со него научив да ја сакам сериозната музика, да читам паметни писатели, да подготвувам театарски улоги, научив да скијам, да играм тенис, да шетам по планините, ја засакав природата… Ни беше преубаво. И сè додека Раде беше жив, кога и да се сретневме, со носталгија се сеќававме на тие наши години. Голема улога имаше во мојот живот.“

Иако сакала да има деца, не ја почувствувала таа среќа, а неколкупати отворено зборувала за тоа.

„Немам деца, но не затоа што не сакав, едноставно не ми се посреќи. Сепак, од таа ситуација денес можам да заклучам дека од секое зло не мора да произлезе зло. Гледам дека сега, во овој пореметен систем на вредности, тешко е да се воспитуваат деца…“

Пред три години Неда под непознати околности паднала од тераса и притоа се здобила со повеќе тешки телесни повреди, а српските медиуми пишуваа дека страда од депресија и дека имала обид за самоубиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот