
НБА лигата потврди: Во новата сезона воведува ново правило
Новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот започнува на 2 октомври, а денес Управниот одбор на НБА донесе важна одлука што се однесува на шутевите од големи далечини во завршниците на четвртините.
Препорачано
Промената конкретно се однесува на статистичкото евидентирање на шутевите во последните три секунди од првите три четвртини, доколку обидот е од најмалку 11 метри оддалеченост. Според новото правило, ваквите шутеви повеќе нема да им се запишуваат на кошаркарите како индивидуални обиди, туку ќе се водат како тимски.
So expect even more long-range shots from players this season, which was behind motivation of the change and the league testing it at Summer League in July. The Competition Committee has been in support of the adjustment in recent months too. https://t.co/z9ue0Z219j
— Shams Charania (@ShamsCharania) September 10, 2025
Оваа новина беше тестирана за време на Летната лига во Лас Вегас, како и на натпреварите што се играа во Јута и Калифорнија.
„Очекувајте уште повеќе удари од далечина оваа сезона. Тоа беше и причината зошто започнавме со тестирање на оваа промена во јули. Техничкиот комитет исто така ја поддржа адаптацијата во изминатите месеци“, соопштија од лигата.
Според податоците на компанијата „Спорт Радар“, минатата сезона само околу четири отсто од овие шутеви беа прецизни.