НАТО Самит / Фото EPA-EFE/TOMS KALNINS

Науседа го отвори самитот на НАТО во Вилнус

Со говор на литванскиот претседател Гатанас Науседа предмалку во Вилнус почна состанокот на Северноатлантскиот совет, на кој се присутни лидерите од сите 31 земја членка на Алијансата.

„Литванија никогаш не ја земала слободата здраво за готово. Отсекогаш сме биле верни на принципот „Еден за сите и сите за еден“, кажа претседателот Науседа на почетокот на Северноатлантскиот совет – што претставува официјален самит на шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО во Вилнус.

-Русија почна војна против суверена држава на прагот на НАТО. Наспроти оваа заднина, се собравме да донесеме храбри одлуки за тоа како да ја зајакнеме нашата одбрана и да и помогнеме на Украина да победи, рече Науседа на почетокот на самитот.

Ова е четврти самит на НАТО од почетокот руската инвазија на Украина, при што првиот се одржа на 25 февруари 2022 година, буквално само еден ден по нападот, а потоа слични самити имаше и во Мадрид и Брисел.

Лидерите на овој самит ќе разговараат за широк спектар теми, од несогласувањата околу кандидатурата за членство на Украина до придружувањето на Шведска кон блокот, за што Турција во последен момент, дури вчеравечер, даде зелено светло, до зголемувањето на резервите на муниција на земјите членки и ревидирањето на одбранбените планови за источното крило на Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот