Фото: EPA/MC3 ANTHONY N. HILKOWSKI

НАТО објави дека најголемиот носач на авиони во светот плови во норвешки води

Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) објави фотографија од најголемиот носач на авиони во светот како плови во норвешки води.
„Ова е нешто што не се гледа секој ден. Најголемиот носач на авиони во светот, USS Gerald R. Ford, плови во Ослофјорд“, објави НАТО на својот официјален профил на X како коментар на фотографијата.

Патем, втора ноќ по ред, неидентификувани дронови летаат над данското небо, потврди данското Министерство за одбрана.
Ова е најновиот во низата инциденти регистрирани над воените бази оваа недела.

Аеродромот во Копенхаген исто така беше привремено затворен поради дронови, а Данска ги затвори своите аеродроми за сите цивилни летови во неделата откако неидентификувани авиони беа забележани во близина на неколку воени објекти преку ноќ, објави министерот за одбрана на земјата Троелс Лунд Поулсен. Тој рече дека забраната ќе трае до петок следната недела, објавија западните медиуми.

Слични инциденти се пријавени во Норвешка, каде што неидентификувани авиони се видени во близина на воени бази. Норвешката полиција продолжува да ги истражува инцидентите во близина на аеродромот Орланд.

Како одговор на зголемените закани, НАТО објави дека ја зајакнува својата мисија во Балтичкото Море со испраќање фрегата за воздушна одбрана и дополнителни средства за следење и надзор.

Алијансата, исто така, овој месец ја започна мисијата „Источна стража“ за зајакнување на одбраната на источниот дел од Европа, како одговор на упадите на руските беспилотни летала во полскиот воздушен простор.

Русија ги негираше обвинувањата дека нејзините беспилотни летала и борбени авиони го нарушиле воздушниот простор на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот