Насилник од Скопје ја нападнал поранешната девојка – ѝ отишол на работа во обложувалница, ѝ ја украл и чантата

26-годишна скопјанка вчера пријавила во полиција дека на нејзиното работно место била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер, кој исто така ѝ ја украл и чантата, соопшти МВР.

„Денеска (01.09.2025) во 03:00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 31.08.2025 околу 22:50 часот на подрачјето на Карпош, додека била на нејзиното работно место во спортска обложувалница, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Д.К.(27) од Скопје, а исто така ѝ ја одзел чантата со лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот