Плажата кај Карпата на Каваја / Фото: Wikipedia / Drenisa

Нашинец почина на плажа во Албанија, му се слошило кога влегол во морето

Во близина на Драч, Албанија, на плажата кај познатата природна атракција Карпата на Каваја (Шк’мби и Кавај’с), попладнево се удавил македонски државјанин, јавија локалните медиуми.

„Немилиот настан се случи во 19 часот кога 66-годишен жител на Македонија се удави во морските води. Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето“, соопшти албанската полиција.

Откако забележале дека му се слошило во водата, кон него веднаш се упатиле други посетители на плажата, а набрзо се обидела да интервенира и итната помош, но лекарската екипа можела само да ја констатира смртта на човекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот