Намалено производството на алкохол во Русија

Од јануари до јуни 2020 година производството на вотка бележи намалување за 5 отсто, на 34,34 милиони декалитри.

Производството на алкохол, исклучувајќи го пивото и пијалоците на база на пиво, од почетокот на годинава бележи намалување за 8,2 отсто во однос на минатата година и изнесува 78,1 милион декалитри, се наведува во соопштението на Националната унија за заштита на правата на потрошувачи.

.Производството на алкохол во јуни изнесува 15,3 милиони декалитри, пренесува Тас.

Производството на шампањ и пенливи вина пораснало за 35,6 отсто на 5,95 милиони декалитри во првата половина од оваа година и за 42,7 отсто на 1,23 милиони декалитри во јуни.

Производството на вино во првата половина од 2020 година изнесува 13,79 милиони декалитри, што е за 5,8 отсто помалку во однос на истиот период минатата година.

Производството на вино во јуни годинава пораснало за 26,7 проценти, на 3,2 милиони декалитри.

Според мислењето на експертите, производството на ракија опаднало за 0,9 отсто, на 3,76 милиони декалитри во периодот јануари – јуни и за 8 отсто на 0,57 милиони декалитри во јуни.

Од јануари до јуни 2020 година производството на вотка бележи намалување за 5 отсто, на 34,34 милиони декалитри.

Во јуни производството на вотка пораснало за 10,4 проценти на 6,29 милиони декалитри.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот