Најстудено во Берово, измерени два степена

Најстудено утрово е во Берово со измерени 2 степена. Според Управата за хидрометеоролошки работи, температурата во Лазарополе утрово е 4 степени, 6 во Крива Паланка, Маврови Анови и Струмица.

Седум степени се измерени на Попова Шапка, Скопје-Петровец, Битола и Штип, 8 степени во Куманово, Тетово, Демир Капија, Прилеп и Велес, 9 во Крушево, Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Гевгелија, 10 степени во Виница, Кавадарци и во Претор.

-Во текот на ноќта преовладуваше ведро време со мала облачност на југозападот. Утринава е свежо, претежно тивко и сончево. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, поголема во западните делови од земјата. Ќе дува слаб ветер од јужен правец – соопшти УХМР.

Максималната температура денеска ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со максимална температура до 27 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!