
Најскапите куќи во Грција се во јужните предградија на Атина и на Кикладите
Цените на недвижностите и закупнините во Грција забележаа нагорен тренд во третиот квартал од 2024 година, од една страна поради силната побарувачка за студентски станови, од друга страна поради традиционалната силна летна сезона која ја зголемува побарувачката за станови. Според податоците на Спитигатос, просечните барани продажни цени на куќи низ Грција забележаа пораст од 6,8% во третиот квартал од 2024 година во споредба со истиот период од 2023 година, додека просечните барани цени за изнајмување се зголемија за 7,6%, објави То Вима.
Препорачано
Во јужните предградија на Атина и Кикладите се највисоките цени за купување куќи, а најниски се во Касторија и Лерин. Јужните предградија на Атина, Кикладите, северните предградија на Атина, Лефкада и Пиреја се 5-те најскапи области во земјата за купување куќа во третиот квартал од 2024 година. Во рангирањето на најскапи области за изнајмување куќа, на првите места се јужните предградија на Атина, Кикладите, северните предградија на Атина, центарот на Атина, а потоа Пиреја. Вреди да се напомене дека меѓу најскапите области за изнајмување куќа во третиот квартал од 2024 година е Халкидики, каде што цените на краткорочните изнајмувања продолжуваат да вршат нагорен притисок врз цените за изнајмување.
Напротив, најприфатливите области за купување куќа во земјата се наоѓаат во северна континентална Грција, а се издвојуваат Касторија, Лерин, Кардица, Кожани и Драма. Во однос на изнајмувањето, најекономичните области ги вклучуваат Кукуш, Пела, остатокот од префектурата Солун, Иматија и Фокида. Најголем пораст на просечната барана цена на куќи за продажба во третиот квартал од 2024 година во однос на истиот период во 2023 година е забележан во регионот Пиреја (27,8%). Што се однесува до изнајмувањето на домови, остатокот од префектурата Солун се рангира на врвот на областите со најголеми зголемувања во просечната барана цена за изнајмување куќи низ целата земја со процентуален пораст од 20%.