Британско пристаниште
Британско пристаниште/ Фото EPA-EFE/WILL OLIVER

Минатата година најмногу патници имало во италијанските пристаништа

Минатата година во пристаништата на ЕУ биле регистрирани 395,3 милиони патници, што е за 5,8 отсто повеќе од 2022 година. Како што објави Еуростат, бројот на патници и понатаму е помал од пред пандемијата  за 5,5 отсто во однос на 2019 година. Италија и Грција доминираат во морскиот патнички сообраќај на Европската Унија, пренесува Мина.

Минатата година, италијанските пристаништа забележале најголем број патници – 85,4 милиони или 22 отсто од вкупниот број поморски патници во ЕУ, додека грчките пристаништа имале 75 милиони патници со учество од 19 отсто. Десетте најпрометни патнички пристаништа во ЕУ сочинуваа повеќе од една петтина од поморскиот патнички сообраќај во ЕУ. Шест од првите десет пристаништа се наоѓаат на Медитеранот, три на Балтикот и едно во Североисточниот Атлантик, објави Политика.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот