Најџел Фараж и Доналд Трамп / Фото: Brendan Smialowski / AFP / Profimedia

Најџел Фараж се сретна со Трамп во Вашингтон

Лидерот на британската партија „Реформа Обединето кралство“ и пратеник од Клактон, Најџел Фараж, објави фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата посета на Вашингтон. Фараж, кој сведочеше пред Одборот за правда на Претставничкиот дом, на „Икс“ објави фотографија во Овалната соба, каде стои до Трамп зад познатото биро „Resolute desk“, со натпис: „Добро е повторно да се биде во Овалната соба“.

Состанокот следуваше по критиките на демократскиот конгресмен Џејми Раскин, кој го нарече Фараж „путинoфил, лажен бранител на слободата на говор и слуга на Трамп“.

На расправата, Фараж ја спореди Велика Британија со Северна Кореја во поглед на слободите, посочувајќи ги случаите на апсења поради изјави на социјалните мрежи и затворањето на жени за говор на омраза.

Раскин го повика Фараж своите критики да ги изнесе во британскиот Парламент, а премиерот Кир Стармер, исто така, го осуди што ги пропуштил прашањата до премиерот (PMQs) во Лондон за да патува во САД и, како што рече, „да ја оцрнува сопствената земја“.

– Нема ништо понепатриотско од тоа да побараш од странска влада санкции за твојата земја – тоа е срамота, изјави Стармер. Фараж возврати дека никогаш не предложил САД да воведат санкции против Британија и дека тоа е „невистина“ изнесена од премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!