Фото: МИА

Најчевска: Дали е коинциденција што само државите со муслиманско население заглавија пред ЕУ

Професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил напиша дека само државите во Европа кои имаат значаен број муслиманско население, не можат да влезат во Европската унија. Во својата објава таа се прашува дали целиот процес е навистина коинциденција.

„Интересно, пред вратите на ЕУ заглавија Турција, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина.

Сигурна сум дека е само коинциденција тоа дека сите овие држави имаат значаен број традиционално присутно муслиманско население.

И сигурна сум дека е само коинциденција тоа дека во ЕУ нема држава со мнозинско или со значаен број традиционално присутно муслиманско население.

Турција беше прва пред ЕУ вратите. Ја држеа во чекална се додека не се создадоа услови за доаѓање на некој како Ердоган и сега имаат легитимна причина да не започнуваат преговори. Коинциденција.

Македонија беше оценета од Бадентер на исто ниво како и Словенија и беше единствена од републиките на СФРЈ која успеа да излезе од федерацијата без конфликт. Па се појави Грција, па се иницираше меѓуетнички конфликт (увезен од Косово), па Германија го устоличи Груевски, па кога ова глупавиве Македонци успееа да се справат со сето тоа им ја насскаа Бугарија. Коинциденција.

Албанија, епа не може да влезе без Македонија. Коинциденција.

Босна и Херцеговина, најголемата жртва од распадот на СФРЈ, и единствена заради која има се уште судења пред Хашкиот трибунал и обвинети и осудени (Милошевиќ, Младиќ, Шешељ) се по ред Срби, ама кои немаат врска со Србија која впрочем доби датум за преговори. Коинциденција.

Малку премногу коинциденции се собраа. Ама така оди тоа со коинциденциите“, пишува професорката Најчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!