Земјотрес во Сирија/ Фото EPA-EFE/SANA

Над 7 милиони деца се загрозени по силните земјотреси во Турција и Сирија, предупредува УНИЦЕФ

Повеќе од седум милиони деца се загрозени по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, соопшти Фондот на ОН за деца (УНИЦЕФ), и изрази стравување дека настрадале неколку илјади деца.

„Во Турција, вкупниот број на деца кои живеат во десет провинции погодени од два земјотреси изнесуваше 4,6 милиони. Во Сирија се погодени 2,5 милиони деца“, рече анонимен портпарол на УНИЦЕФ на редовната прес-конференција во Женева.

Во Турција и Сирија загинаа над 37.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!