Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Начо по 23 години и 26 освоени трофеи се раздели со Реал Мадрид

Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез денеска и официјално ги напушти „кралевите“.

Во емотивна објава Реал Мадрид се прости од својот долгогодишен фудбалер кој во клубот пристигна како 10-годишник уште во 2001 година.

Тој ги помина сите младински категори и во првиот тим е од 2012 година. Од тогаш помина 12 години во една од најуспешните периоди во историјата на клубот.

За Реал Мадрид одигра 364 натпревари и освои 26 трофеи со кои заедно со Лука Модриќ кој има исто толку се најтрофејните играчи во историјата на клубот.

Според најавите нов клуб на Начо треба да биде Ал Кадсија од Саудиска Арабија со која би требало да потпише договор до 2026 година. Шпанскиот ветеран тука би требало да заработува 20 милиони евра годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот