
На Загреб му недостасува канцелариски простор, нови дуќани има само во шопинг-моловите
Стапката на достапност на деловен простор на пазарите во Хрватска и Словенија е исклучително ниска. Со зголемена активност на инвеститорите и позитивни економски перспективи, на пазарот на недвижности во Југоисточна Европа му претстои година на стабилност и адаптација на актуелните светски трендови, е заклучокот од годишната конференција на ЦБРЕ – „СEE регион Maркет Аутлук 2025“ за околностите и очекувањата на пазарот на недвижности во регионот.
Препорачано
„Годината зад нас беше година на приспособување на европските пазари, со очекување дека економскиот раст ќе продолжи со дополнително намалување на каматните стапки што ќе ја поддржи севкупната пазарна активност“, рече Јана Јовановиќ, раководител на истражување на пазарот за регионот на Југоисточна Европа во ЦБРЕ.
Пазарот на канцелариски простор во Југоисточна Европа е доста стабилен во последните месеци, но евидентиран е благ пораст на кириите, само два до три отсто на српскиот и хрватскиот пазар, но истовремено се намалува и стапката на празен деловен простор, кој во Белград е околу четири отсто.
„Оваа 40 отсто помала достапност во Белград во однос на минатата година е резултат на тоа што нема значително зголемување на вкупната понуда на модерен деловен простор, а побарувачката остана на солидно ниво. Имено, бележиме севкупна стабилизација по рекордната понуда на новоизградени деловни објекти во текот на 2023 година“, изјави Иван Стојиќ, раководител на одделот за канцелариски простор за регионот Адриа во ЦБРЕ, пренесе Бизнис.рс.
Во текот на 2024 година, најголем број новоизградени квадратни метри деловен простор е забележан на маркетите во Загреб и Софија, каде што понудата се зголемила за околу 50.000 метри квадратни.
„Кога зборуваме за 2025 година, се очекува Белград и Софија да го предводат растот на понудата на деловен простор, со вкупно над 300.000 нови квадратни метри канцелариски простор планирани на овие пазари. Ова претставува очекуван раст на вкупната понуда од околу 10 проценти на годишна основа, што навестува динамичен период и проширување на секторот на комерцијални недвижности во регионот“, истакна Стојиќ.