Фото: Instagram/ EPA

На вистинското место во вистинско време: Познати личности кои се откриени сосема случајно

Сите наши омилени познати личности некогаш беа сосема обични луѓе. Иако некои познати личности, како Аријана Гранде, имаат големи успешни приказни со успешни улоги веќе на почетокот на нивните кариери, други ѕвезди биле откриени на необичен начин. Има ѕвезди кои сами се пробиваат во светот на познатите, други се родени во семејства на познати личности, но има и такви кои случајно се прославиле, преку спој на среќни околности за време на обичното секојдневие.

Во продолжение издвоивме само некои од големите ѕвезди на денешницата кои се откриени сосема случајно и на малку неочекуван начин.

Жизел Бундхен

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Една од најуспешните манекенки на денешницата, Жизел Бундхен, била забележана од моден агент во „Мекдоналдс“ кога имала само 13 години. Жизел се запишала на курс за манекенство само за да добие бесплатно патување во Сао Паоло, а всушност нејзината желба била да стане професионална одбојкарка. За време на патувањето,кај Мекдоналдс застанале уште 55 млади девојки, но агентот ја забележал токму неа.

Џастин Бибер

Фото: Instagram/ Justin Bieber

Музичкиот директор го открил познатиот пејач Џастин Бибер сосема случајно, додека барал видеа на Јутјуб. Тој по грешка кликнал на видеото на кое Џастин пее и се воодушевил. Тој, наводно, потоа се јавил во секое училиште во Онтарио, за да стапи во контакт со младиот Џастин, додека конечно не го контактирала неговата мајка. Од тој момент, неговата слава постојано расте.

Харисон Форд

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Ѕвездата на „Војна на ѕвездите“ и „Индијана Џонс“, сега 81-годишниот актер Харисон Форд, бил столар долго пред својата успешна актерска кариера. Еден ден режисерот Џорџ Лукас го ангажирал да му направи неколку ормари за неговиот дом и од тој момент се менува неговиот живот. Лукас го ангажирал Харисон да глуми во неговиот филм „Американски графити“, а по таа улога актерот станува еден од најпознатите во Холивуд.

Ања Тејлор-Џој

Фото: Instagram/ Anya Taylor-Joy

Младата актерка Ања Тејлор-Џој, која е најпозна по улогата во серијата „Queen’s Gambit“, некогаш била сосема обична девојка која го шетала своето куче по улица, се додека не ја забележала модната агентка Сара Дукас, која своевремено ја открила и Кејт Мос. Една од првите први улоги на Ања беше во инди хорор филмот „The Witch“ од 2015 година.

Натали Портман

Фото: Instagram/ Natalie Portman

Убавата холивудска актерка и оскаровка била забележана од модни агенти кога јадела пица со нејзината мајка во локална пицерија. Портман тогаш имала само 10 години, но не сакала да ѝ судат само според изгледот и барала да биде во контакт со агентите за актери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот