Жаир Болсонаро, поранешен претседател на Бразил/Фото: ЕПА

На осудениот поранешен бразилски претседател Болсонаро му е дијагностицирана рана фаза на рак на кожата

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денеска беше отпуштен од болницата, каде беше примен вчера поради гадење, вртоглавица и низок крвен притисок, соопштија неговите лекари во соопштението.

Здравствената состојба на поранешниот претседател е подобрена, но тој ќе продолжи да биде следен, додава болницата ДФ Стар во Бразилија.

Болсонаро (70) веќе беше во болница во неделата за отстранување на кожни лезии.

Болницата соопштува дека наодите укажуваат на присуство на карцином на плочкестите станици на кожата, и затоа на Болсонаро ќе му требаат редовни прегледи.

Станува збор за рак на клетките на најгорниот слој на кожата и втор најчест вид рак на кожата.

-Наодите покажаа дека две од лезиите се рак на кожата во рана фаза, изјави за новинарите лекарот на Болсонаро, Клаудио Биролини.

Лезиите веќе се отстранети, рече лекарот, „но е потребно редовно следење за да се осигура дека нема да се појават нови лезии и дека отстранувањето е целосно“.

Болсонаро минатата недела беше осуден од Врховниот суд на 27 години и три месеци затвор за заговор за државен удар по поразот на изборите во 2022 година.

Тој е во домашен притвор од август поради наводен притисок врз судовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот