Протести во Белград / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На неколку локации во Белград почна собирање на студените во блокада пред најавениот протест

Во Белград студентите во блокада почнаа да се собираат на неколку места во градот пред протестот закажан за денеска во 16 часот.

Првично беше закажан голем протест – 15-за-15 –  пред Народното собрание во Белград но, студентите на ЕТФ најавија дека локацијата се менува од безбедносни причини и дека ќе биде кај Славија. Во меѓувреме тие одлучија  –  протестот сепак  да  биде пред Собранието, но  бина  да  биде поставена и кај Славија.

Протести Белград : Profimedia

Студентите во блокада се собираат на четири локации – Плоштадот на Републиката, Автокоманда, булеварот Крал Александар и кај кружниот тек кај општина Нов Белград, каде има и група земјоделци со трактори.

Белград студентски протести трактори
EPA-EFE

Демонстрантите најавија дека оттаму во колони ќе се упатат кон центарот на градот и додека траеја собирањата и подготовките – прават голема врева, скандираат „Пумпај“, свират и вувузели, носат српски знамиња и бројни транспаренти – „Барањата не се исполнети“, „Нашето лице е чисто, а вашето“.

Протести Белград
EPA-EFE

Студентите кои од синоќа од разни правци пристигнаа во Белград со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани.

Студентски протест пред пионерскиот парк Белград
EPA-EFE/

Зградите на српскиот Парламент и на белградското Собрание се опколени со метална ограда, околу нив има распоредено силни полициски сили во опрема за разбивање демонстрации.

Редарите на студентите во блокада не дозволуваат пристап до Пионирски парк каде се сместени студенти кои сакаат да ја следат наставата. Паркот е опкружен од трактори поставени од вчера

Белград, Србија
Фото: МИА

Јавниот превоз во Белград е во прекин од утринава и нема да сообраќа до крајот на денот.
На повеќе места во центарот на градот се поставени резервоари за вода за пиење.

Студентски групи ги блокираа факултетите во Србија од крајот на ноември, барајќи исполнување на четири барања – објавување на целата документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад каде во ноември откако се урна настрешница загинаа 15 луѓе, отфрлање на обвиненијата против студентите и граѓаните приведени за време на протестите, поднесување кривични пријави против сите напаѓачи на студенти.

ВИДЕО| Три лица повредени во Белград од возач на автомобил додека се подготвувале да заминат на протест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот