Фото: Google/ Armand Asllani

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ сѐ уште се користи „ПЈРМ“

Новото име Северна Македонија сè уште не е внесено во електронскиот систем на граничниот премин – потврдува цариник на ГП Ѓуешево.

Една година по промената на името во Република Северна Македонија, бугарските власти на граничниот премин „Ѓуешево“ сè уште работат со старото име „Поранешна југословенска Република Македонија”, објави Бугарското национално радио (БНР).

– Новото име Северна Македонија сè уште не е внесено во електронскиот систем на граничниот премин – потврдува цариник на ГП Ѓуешево.

Не се сменети ниту сообраќајните знаци на патниот правец Ќустендил – Ѓуешево. Од подрачната канцеларија за одржување на патиштата во Ќустендил немаат конкретен одговор дали се подготвуваат и кога би можело да бидат поставени нови патокази со името Северна Македонија.

Сепак, новото име го има на неколку места во меѓуграничниот простор, а се употребува и во електронскиот систем за издавање вињетки за патување низ Бугарија, пренесува БНТ.

Фото: МИА

Фото: Google/Armand Asllani

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот