Дритон Небиу, директор на Агенција за управување со одземен имот/Фото: Слободен печат

На аукција продадени три стана и гаража на Мијалков, во буџетот инкасирани 332 илјади евра

Агенцијата за управување со одземен имот денеска од продажбата на три стана и гаража, одземени со правосилна судска пресуда од Сашо Мијалков инкасираше во буџетот 332.276 евра, информираше директорот Дритон Небиу.

Станува збор за три стана на улицата Славејко Арсов, еден од 78м2, и два од по 73 м2 како и гаража од 30 квадрати во КО Центар 2 и тие се продадени транспарентно, а процесот се одвивал непречено.

– За недвижностите имаше наддавање кое се одвиваше непречено и истите завршија успешно. Согласно наддавањето во државниот буџет ќе бидат уплатени парични средства кои беа одземени од граѓаните и истите ќе бидат уплатени во вкупна вредност од 332.276 евра. Продолжуваме и понатаму за истиот предмет и во најскоро време ќе објавиме продажба и на други недвижности за кои има правосилни судски пресуди, изјави Небиу.

За добиените заканите за кои тој претходно ја алармираше јавноста и МВР рече дека не треба никого да поколебаат да учествуваат на аукциите кои согласно законот се отворени за сите граѓани, освен за вработените на Агенцијата и за осуденото лице Сашо Мијалков.

-Ги охрабрувам граѓаните на РСМ во секое јавно наддавање и аукција претходно да аплицираат и конкурираат слободено зошто законот е над сите нас, никој не е над законот, ние само го почитуваме законот и ќе продолжиме без никави пречки и без никаков застој во нашето понатамошно раководење со Агенцијата, рече Небиу.

Тој најави дека наскоро на аукција ќе се најдат уште станови и градежно земјиште конфискувани од екс директорот на УБК Сашо Мијалков за кои исто така има правосилна судска пресуда.

Агенцијата во септември продаде три одземени недвижности согласно правосилната судска пресуда за Мијалков по што во државниот буџет се уплатени 244 000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот