На 16 мај започнува вистинско патување низ вкусовите на Shtip Street Food Festival

Една од главните асоцијации која ни паѓа на памет кога ќе се спомене Македонија е она што ги буди сите наши сетила – храната. Македонија е препознатлива по своите прекрасни јадења, дали станува збор за брза храна или пак традиционална – вкусот на првиот залак останува цврство запаметен во нашата сетилна меморија.

Искуство за кое се зборува со едвајчекање од јуни до следниот јуни – тоа е Skopje Street Food Festival. Место каде доминираат најразличните вкусови на тазе приготвените бургери, паста, мексикански специјалитети, слатки десерти, здрави колачиња и одлични пијалаци, проследени со настапи од диџеи и пејачи.

Skopje Street Food Festival 2024

За овој урбан настан се зборува со причина, а од оваа година има и причина зошто да се зборува уште повеќе! Street Food Festival оваа година ќе се одржи и во градот под Исарот – Штип!

Почнувајќи од 16 мај (петок) до 18 мај (недела) 2025 година, Штип ќе биде епицентарот на љубителите на добрата храна.. На шеталиште „Ванчо Прќе”, Штипјани ќе имаат можност да уживаат во богатите вкусови на храната со понуда од дури седум различни штандови, а за настанот да биде и на највисоко ниво, ќе биде збогатен со музичка програма. Посетителите ќе можат да уживаат во звуците на Boogieman, Mawrteen, The Hounds и DJ Bazz.

На 16 мај ќе можете да уживате во вкускови од повеќе места на светот, без авионски билет. Мексико доаѓа во Штип, преку вкусот на неодоливите такоси на „Мустакос“, полни со автентични сосови, крцкаво месо и свежа салата. А на неколку чекори од нив ќе можете и да го почувствувате вкусот на Италија преку кујната на „Јес Паста“. Нема да бидат изоставени и веганите, вегетаријанците како и пескатаријанците (оние кои не јадат месо, но јадат риба) – за вас ги препорачуваме деликатесите и специјалитетите на ресторанот „Дрен“ кои располагаат со одлични „бранч“ оброци, сендвичи, такоси, салати и кроасани. Храна во боја пристигнува и од култното скопско место „Мис Стон“ – тие ќе ни приготват превкусни сендвичи, фалафели како и одличен индиски дал! Без грижи, Shtip Street Food Festival ќе се погрижат и за оние кои сакаат да си каснат нешто слатко – за вас тука ќе биде штандот на „Sweet Corner“ – палачинки за сечиј вкус, каде самите вие ќе можете да си ги одберете додатоците и да бидете креатори на ова слатко задоволство! И за крај ќе можете да уживате во прочуената кујна на „FJ Culinary Consultants“ , во нивните прекрасни специјалитети, подготвени со многу љубов и професионалност!

Целта на организаторите е да придонесат малите бизниси, како ресторани и бистроа, да имаат можност за самопромоција, размена на идеи за подобрување на квалитет и соработка помеѓу истите, како и Скопје и останатите градови да се забележат на листата на настани од оваа категорија на глобално ниво и да придонесеме за развој на културата на ниво на градот.

Но, тоа не е сѐ!

Ги најавуваме и „Burgerology“ и Skopje Street Food Festival, настаните кои ќе се одржат по втор и трет пат во скопската метропола.


Прво ќе ставиме акцент на „Burgerology“ – „наука во која ќе уживате преку секој залак“. Ова „бургер-патување“ започнува на 30 мај (петок) и ќе трае до 1. јуни (недела) 2025 г., а ќе се одржи во скопската населба Кисела Вода, поточно во Расадник, каде сите посетители ќе можат да уживаат во неодоливите вкусови на бургерите, крцкавиот помфрит и одличните пијалаци.


А трета година по ред традиционално, Skopje Street Food Festival ќе се одржи на добропознатата локација – паркингот пред Театар Комедија. Скопје ќе биде метропола на гурманите од 18 јуни (среда) до 22 јуни (недела) 2025 г. каде ќе можете да го вкусите буквално најдоброто од Македонија.

Новина е и тоа што оваа година започнува и нова соработка со Street Food Festival Belgrad односно ќе имаме размена на учесници . Ќе биде формирана комисија која гурмански ќе одлучи кој ќе нѐ преставува на фестивалот во Белград.

Нe’ очекува вистински рај на вкусови! Се гледаме на Shtip Street Food Festival!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот