
На 14 декември: Турбо-рок во Скопје со Неле Карајлиќ, „Ван Гог“ и „Ју-група“
Пред крајот на 2024 година, покрај бројните концерти во земјава на турбо- фолк регионални музички ѕвезди, најавен е интересен концерт кој ќе се одржи на 14-ти декември во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток од 20 часот.
Станува збор за турбо-рок фестивал, на кој ќе настапат големи музички имиња, и тоа Неле Карајлиќ, „Ван Гог“ и „Ју Група“.
Препорачано
-Една вечер и три имиња кои се избрани да бидат компатибилни и комплементарни во секој поглед, кои сепак ќе свират по 90 минутни, целовечерни концерти – велат од Авалон продукција, кои се организатори на концертот.

Неле ќе изведе песни од „Забрањено пушење“ и „Топ листа надреалиста“ со својот бенд, како и нов материјал, „Ван Гог3 ќе настапи со хитовите кои им ја одбележаа четири-децениската кариера, а пак „Ју Група“, како што информираат од Авалон, по 50 години конечно ќе има свој концерт во Скопје.
Влезниците за настанот се по цена од 700 и 1.000 денари, а пуштени се во продажба од шести ноември.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
38мин
-
53мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5