Фото: MZT Skopje/FB

МЗТ Скопје го врати Американецот со кој се раздели пред три години

Аамериканскиот кошаркар Хуан Дејвис по три години повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром.

Клубот и искусниот интернационалец постигнаа договор за соработка за новата сезона, со што Дејвис ќе ја пополни празнината што настана по заминувањето на неговиот сонародник Грег Џонсон, кој не ги мина лекарските прегледи.

Дејвис веќе еднаш беше дел од „штрковите“ во сезоната 2021/22, кога одигра значајна улога во освојувањето на титулата во домашното првенство и пласманот во АБА лигата. По заминувањето од Скопје, изминатите две сезони го носеше дресот на хрватски Задар, каде освои две титули национален шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот