Фото: Илустрација

МВР уапси шверцер на мигранти

Триесет и седумгодишниот И.Б. од Скопје е уапсен вчера под сомнение дека превезувал мигранти, извести полицијата. Засега се знае деак тој вчера управувал автомобил „ауди 8“ со скопски таблички.

Во близина на бензинска пумпа на автопатот Табановце – Куманово, возилото било запрено од полициска патрола.

Откако од автомобилот излегле 12 мигранти, Б.И. го стартувал автомобилот и избегал кон Скопје, но бил откриен во населбата Карпош 1 каде бил и уапсен.

Полицијата против шверцррот на мигранти најави дека денеска до ОЈО ќе поднесе кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот