Фото: mia.mk

МВР го премостува проблемот со итна постапка за нов економски оператор

Од МВР за „Слободен печат“ објаснуваат дека истекол претходниот договор за изработка на таблички со компанијата „Раде Кончар“, а редовната постапка за набавка на таблички е обжалена и се чека решение од Државната комисија за жалби за јавните набавки.

Дел од граѓаните што купиле нов автомобил или ги изгубиле и ги оштетиле претходните, но и оние што ги пререгистрираат возилата со странски таблички, веќе подолг период се жалат дека не можат да добијат нови таблички. Во меѓувреме, сопствениците се принудени да ги „паркираат“ возилата, бидејќи со пробни таблички може да ги возат само една недела и тоа на куси релации. Вадењето нови таблички чини околу 1.200 денари. Проблемот со недостигот го потврдија и во неколку станици за технички преглед во земјава, оградувајќи се дека тоа е во надлежност на Министерството за внатрешни работи. Од МВР за „Слободен печат“ објаснуваат дека истекол претходниот договор за изработка на таблички со компанијата „Раде Кончар“, а редовната постапка за набавка на таблички е обжалена и се чека решение од Државната комисија за жалби за јавните набавки.

– Во меѓувреме е спроведена итна постапка за обезбедување таблички до завршување на редовната постапка, во која е избран економскиот оператор „Квантум“ од Скопје, кој настапува како група понудувачи со оператор од Германија. Со тоа се надминати проблемите, односно евентуалните застои во издавањето на табличките и граѓаните соодветно ги добиваат – одговорија за „Слободен печат“ од МВР.

Но, со оглед на состојбите на терен, ќе биде потребно уште време за да се средат работите и да продолжи редовното издавање на табличките.

– Веќе подолг период снабдувањето со нови регистарски таблички е нередовно, иако во дел од станиците за технички преглед има одредени залихи. Во меѓувреме, граѓаните се жалат дека не можат да ги возат своите автомобили, а тоа им пречи во извршувањето на секојдневните обврски. Се надеваме дека набрзо ќе се средат состојбите и ќе почне редовната испорака од новиот економски оператор – велат за „Слободен печат“ во АМСМ-АМД Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот