
МВР е минато за Митко Бојмацалиев
Заменикот на Панче Тошковски во преодната Влада и шеф на кабинетотот на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Митко Бојмацалиев по седум години си заминува од Министерството за внатрешни работи.
Препорачано
„Денес, по 7 години посветена работа во Министерството за внатрешни работи, завршувам еден важен дел од мојата кариера.
Прекрасно искуство беше да бидам дел од тимот кој работеше на многу значајни проекти и реформски иницијативи. Благодарност до сите соработници кои искрено и без калкулации соработувавме во сите овие години – вашата поддршка и партнерство беа од неизмерна важност.
Посебна благодарност до поранешниот министер Оливер Спасовски за можноста да бидам дел од неговиот тим и да придонесам кон зајакнување и унапредување на Министерството. Вашата доверба и визија беа инспирација за професионален раст и заеднички успеси.
Со гордост ќе ги носам сите искуства.
Време дојде за нови предизвици и искачување на нови височини“, напиша Бојмацалиев.
Бојмацалиев пред половина година заработи кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.
Како што информираа од МВР, Бојмацалиев заедно со началничката на Сектор за управување со човечки ресурси, стручно оспособување и усовршување, спречиле да се вработи една од најдобрите студентки на Факултетот за безбедност, иако договорот за работа бил потпишан од министерот за внатрешни работи и заведен во писарницата на МВР.