Орхан Муртезани министер за европски прашања Фото: МИА

Муртезани: Ситуацијата во Газа е алармантна

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска изјави дека иако мала земја, Македонија не може да остане имуна за случувањата и ситуацијата во Газа, за кои вели дека се аларматни и причина поради која целиот свет започнува да се мобилизира.

– Целиот свет се мобилизира бидејќи ситуацијата во Газа е алармантна. Не можеме како земја, колку и да сме мали, да сме имуни на таквиот тренд, особено ако тоа прерасне во заедничка безбедносна и надворешна политика на ЕУ, ние, како 100 проценти усогласени на таа политика, ќе мора да го следиме истиот чекор, рече министерот Муртезани, одговарајќи на новинарско прашање по заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања и одбрана на Република Ирска, Томас Бирн.

Брн истакна дека итуацијата во Газа „е неподнослива и бара итна хуманитарна помош“ и потсети дека Ирска, заедно со Шпанија и Норвешка ја признаа Палестина и порача дека треба да се искористи предноста на ЕУ како алатка за убедување на останатите земји дека тоа што се случува во Газа е премногу лошо, со неопходна потреба за итно дејствување.

-Секоја држава треба да си ја донесе својата одлука. Но, морам да кажам дека имаме сериозна загриженост околу она што се случува во Палестина, а ние секогаш сме се заложувале за луѓето од Палестина. Но, она што го заклучивме е дека ни е потребна итна помош и треба да ја искористиме предноста што ја има ЕУ и да ги убедиме останатите земји дека она што се случува таму е тотлку лошо што е неопходно итно да се дејствува, рече тој.

Ситуацијата во Газа во јули 2025 годинa е оценета како хуманитарна катастрофа од невидени размери во која над два милиони луѓе се соочуваат со глад, а од Светската здравствена организација предупредува дека „луѓето масовно умираат од неухранетост“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот