Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Мурињо кандидат за селектор на Англија?

Англиските медими пренесуваат дека Герет Саутгејт наскоро може да замине од клупата на репрезентацијата која ја води од 2016 година. Саутгејт ја има поддршката на јавноста, но факт е и дека Англичаните очекуваа повеќе од овој Мундијал.

Реномираниот „Aтлетик“ објави дека битката за нов селектор на Англија ќе се води помеѓу Шон Дајч и Жозе Мурињо. Дефинитивно повеќе внимание привлекува името на Жозе Мурињо и негово именување за нов селектор на Англија би било вистински „земјотрес“ во фудбалскиот свет.

Заедничко за Дајч и Мурињо е што и двајцата досега во кариерата работеле само во клубови и немаат искуство со водење репрезентација. Дајч беше во Ватфорд, потоа одлично го водеше Барнли кој од кога си замина испадна во Чемпионшиш.

Мурињо од друга страна е едно од најголемите тренерски имиња на денешницата, денес ја води Рома, а претходно седеше на клупата на Порто, Челси, Интер, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Сепак, прво да почекаме да видиме дали Саутгејт ќе остане или ќе си замине, засега се погласни шпекулациите за негово заминување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!