Тимчо Муцунски / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Муцунски во Лондон, во фокус на посетата европската интеграција, економската соработка и билатералните односи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од утре започнува тридневна работна посета на Обединетото Кралство на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Дејвид Лами.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски за време на посетата ќе оствари средба со својот британски колега Лами, како и со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз, Гарет Томас.

Во рамки на програмата, министерот ќе учествува на бизнис-форум организиран од македонската Амбасада во Лондон, каде ќе ги претстави економските потенцијали на земјата пред британски компании. Исто така, во британскиот Парламент ќе има средба со членовите на Парламентарната група за соработка со Македонија.

Во тинк-тенкот „British Foreign Policy Group“, Муцунски ќе говори на тема улогата на Македонија во евро-атлантската безбедност и регионалната стабилност.

Посетата ќе вклучи и средби со македонски иселеници во Литлхамптон, каде министерот ќе ја посети црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“, фолклорна група и деца кои посетуваат настава по македонски јазик.

Од МНР информираат дека главна цел на посетата е продлабочување на билатералните односи и економската соработка, особено по потпишувањето на договорот за инвестициско партнерство. Ќе се разговара и за европската интеграција на земјата, како и за актуелни регионални и глобални прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!