Фото: Александар Николоски / Фејсбук

Мораше ли да згаснат пет животи? Властите допрва ќе реагираат за „црната точка“ на новиот пат Прилеп-Градско

Директорот на Јавното претпријатие Државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, изјави дека пред 20 дена дал налог за ново сообраќајно решение со кое ќе се постават повеќе сообраќајни знаци на новоотворениот пат Градско-Прилеп. Тие треба да ги предупредуваат возачите да ја намалат брзината пред исклучувањето на новиот експресен пат, на местото на кое за само нешто повеќе од еден месец петмина луѓе загинаа во сообраќајни несреќи.

„Новото сообраќајно решение е направено, потребно е да се одобри од Министерството за транспорт и врски и веднаш ќе почне да се реализира. Станува збор за наследен проект од минатото раководство кој бил одобрен од сите институции. Спротивно на тоа не може да се работи, бидејќи кривично ќе се одговара. Сега, за да се зголеми безбедноста можеме само да поставиме повеќе сообраќајни знаци“, вели Трајановски.

На „црната точка“ има опасен свиок непосредно пред исклучувањето, каде се вози со над 100 километри на час, а нема соодветна сигнализација за предупредување на опасноста.

Трајановски вели дека се размислува и се водат консултации и за нов градежен проект за овој дел.

„Тоа е поголем зафат. Со нов градежен проект би требало да се направат мостови за исклучувањето. Во консултации сме се екперти и професори околу ова прашање“, вели Трајановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот