Маја Санду / Фото EPA-EFE/DUMITRU DORU

Молдавската претседателка ќе се кандидира за втор мандат

Молдавската претседателка Маја Санду денеска изјави дека ќе се кандидира за втор мандат следната година за да ја насочи поранешната советска република кон членство во Европската Унија.

ЕУ во декември се согласи да отвори официјални преговори за пристап со Молдавија и со соседна Украина.

Маја Санду рече дека отворила „нова страница“ за земјата со 2,6 милиони жители, која граничи со Украина и членката на ЕУ, Романија.

„Имаме уште важни чекори што треба да ги преземеме и ветувам дека ќе продолжиме доколку ми ја дадете довербата за нов мандат во 2024 година“, рече таа во порака објавена на Фејсбук.

Таа побара од парламентот „да иницира организирање референдум (за членство во ЕУ) следната есен, на кој одлучувачки ќе биде гласот на граѓаните“.

Маја Санду (51), поранешна економистка во Светска банка, води во анкетите за претседателските избори што ќе се одржат на крајот на следната година.

Анкетата на јавното мислење спроведена претходно овој месец и даде околу 30 отсто поволно мислење, во споредба со 24 отсто за прорускиот поранешен претседател Игор Додон. Таа веќе го победи во јуни 2020 година.

Сегашната проевропска влада на Молдавија ја осуди руската инвазија на Украина и тврди дека Москва стои зад заговорот за нејзино соборување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот