
Моди ја почнува европската турнеја со посета на Германија
Со средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, индискиот премиер Нарендра Моди денеска ја почнува европската турнеја во која ќе ја посети Франција и ќе учествува на нордиско-индискиот самит во Данска.
Препорачано
Во Берлин ќе се разговара за трговски и деловни проекти, а руската инвазија на Украина најверојатно ќе биде тешка тема бидејќи Њу Делхи одбива да ја осуди Москва и да се приклучи на санкциите против Русија.
Моди и Шолц, исто така, треба да се сретнат со деловните лидери додека се обидуваат да постигнат напредок во трговскиот договор меѓу ЕУ и Индија.
Германија е најважниот трговски партнер на Индија во ЕУ и шести најважен трговски партнер во светот, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Индо-германската средба е шеста од ваков вид, а последната се одржа во Индија во ноември 2019 година. Моди ќе биде во Данска и Франција во вторник и среда.
Моди ќе учествува на вториот индо-нордиски самит во Копенхаген, на кој ќе учествуваат Исланд, Норвешка, Данска, Шведска и Финска.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
38мин
-
47мин
-
58мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5