пива
Фото: Пиксабеј

Многу пиварници во Германија се соочуваат со затворање

Германската пивска индустрија ќе се соочи со пад и бран банкроти во наредните години, можеби дури и затворање на пиварници, изјави Стефан Блашчак, извршен директор на баварскиот производител на пијалоци „Отингер“. „Пиварниците ќе паѓаат како муви од ѕидот. Светот на пиварството се распаѓа. Гледаме како помалите пиварници банкротираат речиси секој ден, а тоа ќе влијае и на поголемите производители“, изјави Блашчак за весникот „Аугсбургер Алгемајнде“.

Според него, продажбата на пиво во Германија досега паѓала за два до три проценти годишно, но оваа година имало остар пад од седум до 7,5 проценти.

Само во првата половина од 2025 година, домашниот пазар изгубил околу 2,6 милиони хектолитри, што одговара на потрошувачката од приближно три милиони лименки дневно, пишува весникот „Oberösterreichische Nachrichten“.

Годишното рангирање на трговецот со хмељ „BarthHaas“ покажува дека пет од шесте најголеми германски пивари произвеле помалку пиво во 2024 година отколку во претходната година, а „Oettinger“ е меѓу оние со најголем пад. Како резултат на тоа, компанијата објави прекин на производството во Брауншвајг, една од нејзините четири фабрики, пренесува Танјуг.

„Одлуката е исклучително болна, луѓето таму завршија извонредна работа“, рече Блашак.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот