
Многу невработени, а пак нема работници: Спас се бара во дуалното образование
Во Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година предвидени се 259 дуални паралелки со вкупно 6.475 ученички места во соработка со над 500 компании
Наспроти 105.948 активни баратели на работа има секојдневна понуда од само 8.000 до 10.000 слободни работни места. Сепак, работодавачите постојано се жалат дека нема работници. Но, статистика на Агенцијата за вработување открива поразителен податок – дури 60 проценти од активните баратели на работа се без образование, или со основно образование.
Препорачано
Имено, од 105.948 невработени кои секој месец се пријавуваат дека бараат работа, дури 62.809 се без образование и со основно образование. Состојбата е уште полоша ако се додадат и оние со непотполно средно уличиште, а кои ги има 9.242. Но, проблем според работодавачите има и со стручноста на „среднистите“ и со вештините на факултетстки образованите кадри.
На помош на пазарот на работна сила, во последниве години доаѓаат програмите за дуално образование, кои ги пренесуваат европските искуства за полесен пристап на сручниот кадар до пазарот на труд. Резултати има, а јакне и интересот и од фирмите и од младите за поврзување на образованието и праксата. Таргет на дуалното образование особено е средното образобвбвание. Во Агенцијата за вработување има 25.644 невработени со средно образование.
Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи оценува дека секој што сака може да најде работа во преработувачката индустрија, меѓутоа дека младите го загубија интерсот да работат во производствени хали. Според Димитров и статистиката на АВРМ не ја одразува реалната состојба,
– Најголем дел од тие што ги гледате како евидентирани како лица без образование, или со основно образование, се евидентираат за да добијат сопцијална помош, а од друга страна тие се дел од сивата економија, односно работат непријавено во земјоделието, во градежништвото, или некаде каде што се обучиле за некоја конкретна работа – вели Димитров.
Како сопственик на светониколската „Мода“, Димитров вели дека во текстилната индустрија има и откажување, или не прифакање на зделки со странски партнери затоа што нема кој да ги сработи нарачките.
– На конкурсите што ги објавуваме не е дека воопшто не се јавуваат работници. Но, најчесто тие што се јавуваат не може да одговорат на задачата. И во текстилната индутрија не е само да земеш некого од улица и да го ставиш на машина. Треба барем три месеци обука. Но за жал, многу често се случува и по обуката, тие да не се способни за работа. Постојат неколку текстилни училишта, но бројките на децата што се запишуваат во овие училишта е многу мала – вели Димитров.
Директор на Центарот за стручно образование и наука Шериф Мифтари изјави дека дуалното образование дава резултатаи, но потенцираше дека за некои занимања има нагласен интерес, а за некои нема воопшто. Според него, идните средношколци сакаат да ставаат инјекции, да бидат дадилки, да негуваат стари лица, или да учат за ИТ и електротехничари, но воопшто не ги привлекува геологијата, рударството, графичката и дрвната индустрија.
– Нашата цел е да ги образоваме младите за да останат дома и тука го применат своето знаење – потенцираше Мифтари.
Европската унија вложува финансии и еспертиза, а и ги насочува компаниите кои инвестираат во државава да влијаат на прилагодувањето на пазарот на трудот на реалните потреби поврзувајќи се со образовниот систем, така што младите ќе стекнат пракса, а компаниите ќе може да ги насочат и обучат учениците за да подоцна работат во нивни фирми.
Регионалниот фионд за предизвици претставува финансиски инструмент кој има за цел да ја зголеми вработливоста, особено кај младите. Грантовите се доделуваат преку натпревар на регионално ниво. Стопанската комора на Северна Македонија како дел од Коморскиот инвестициски форум (КИФ ЗБ6) и партнер во спроведувањето на финансискиот инструмент дизајниран за зголемување на вработливоста на младите – Регионален фонд за предизвици (РЦФ) во мај беше домаќин на вториот национален настан за доделување грантови во нашата земја.
Преку Коморскиот инвестициски форум, во кој ко-претседавач е претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, со обезбедениот грант од околу 2,72 милиони евра, за 6 конзорциуми од нашата земја (37 компании со 4 стручни училишта и 2 високообразовни институции)се обезбедени средства за финансирање на инвестиции во опрема и инфраструктура за воведување на дуалното образование и реализација на учењето преку работа, со цел поголема вработливост на младите и обезбедување обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси.
– Дуалното стручно образование почна од учебната 2017/2018 година, а се интензивираше во 2020 година со социјалниот дијалог „Учи паметно, работи стручно“, преку кој секоја година компаниите, средните стручни училишта, стопанските комори и локалните самоуправи ги разгледуваат потребите за отворање на нови образовни профили и паралелки во училиштата, потребата од редизајнирање на дел од наставните програми и унапредувањето на практичната обука на учениците. Како резултат на интензивирањето на активностите во учебната 2021/2022 година дуално образование се реализираше во 97 паралелки во 46 средни стручни училишта, а беа запишани 1.486 ученици, кои соработуваа со 210 компании. Оваа учебна година дуално образование се реализира во 225 паралелки во 61 средно стручно училиште, со 2.763 запишани ученици и во соработка со 450 компании. Бројките за следната учебна година се уште повисоки. Во Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година предвидени се 259 дуални паралелки со вкупно 6.475 ученички места во соработка со над 500 компании – велат во Министерството за образование и наука.