Митко Јанчев бара јавно извинување од Каракамишева или ќе ја тужи: Немам членска книшка од СДСМ, тоа е фалсификат

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска и се закани на професорката Тања Каракамишева со тужба, доколку не добие јавно извинување од неа, поради фотографија која беше објавена на Фејсбук од наводна негова членска книшка од СДСМ.

Тој во своето соопштение до јавноста напиша дека неговиот датум на раѓање кој го пишува во таа членска книшка е прв показател дека таа е фалсификат.

„Фотографијата која излезе денеска во јавноста со наводна моја членска книшка е тотален фалсификат. Мојот датум на раѓање е 01.11.1981 година,што е прв показател дека тоа е лажна фотографија. Поради овие невистини барам јавно извинување во спротивно ќе постапам согласно законот“, објави Јанчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот