
Мирчевски влегува во форма: Пет минути му беа потребни за нов гол
Мартин Мирчевски игра во одлична форма за еден од најдобрите клубови во Србија, па денес постигна нов гол во дресот на ТСЦ Бачка Топола во победата со Вождовац.
Препорачано
ТСЦ Бачка Топола со овој триумф се изедначи на табелата со Црвена Звезда со по 32 бода. Сепак, треба да се спомене дека тимот на Мирчевски има три натпревари повеќе од Звезда.
Денес Мирчевски во игра влезе во 73. минута, а противничката мрежа ја погоди само пет минути подоцна. Во овој момент Мирчевски е на делба на шестата позиција на најдобри стрелци во српското првенство со пет постигнати гола.
Ќе потсетиме селекторот Благоја Милевски имаше намера да го повика Мирчевски на контролниот натпревар против Саудиска Арабија во Абу Даби на 22. октомври, но бидејќи натпреварот не е во ФИФА термина Мирчевски не доби дозвола од клубот.
„Нашата намера беше да ги повикаме и Мартин Мирчевски (ТСЦ, Србија), Марко Симоновски (Дрита, Косово), Сефер Емини (Сондерјиске, Данска), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка) и голманот Беким Реџепи (Партизани Тирана, Албанија), но дел од нив не добија дозвола од своите клубови бидејќи натпреварот ќе се одигра надвор од ФИФА термин за пријателски мечеви, а некои се опоравуваат од повреда“, изјави селекторот Милевски при објавувањето на списокот фудбалери за овој натпревар.
Ќе потсетиме, Милевски за овој натпревар повика фудбалери кои би биле потенцијал за репрезентативци во иднина, а најголем дел од фудбалерите се од домашното првенство. Списокот можете да погледнете ТУКА.